|
Современата македонска
електронска сцена е во развој. Се појавија
голем број нови и млади автори, но за жал се
уште е скромна што се однесува до
изданијата. Што се однесува до другите
фактори кои ја прават сцената - сцена,
ситуацијата е следна:
Публика - постои, мала по број, но
затоа таа што ја има е доволно музички
едуцирана и знае да познае квалитет.
Медиуми - клучни за промоција на
сцената, за жал ги има малку од овој тип (читај:
еден - канал 103 и по некоја емисија на
локалните телевизии). Издавачка дејност -
две, три професионални издавачки куќи, од
кои едната работи со најголемите
македонски имиња (Трето
Уво), а другата се занимава со новата
македонска поп сцена (Авалон).
Заедничко за двете е што се свртени кон
комерцијални изданија, пазар и потрошувачи
(какви - такви). PMG Recordings се јавува токму
на овој простор (кој впрочем PMG Collectiv-от и
го покрива преку 103ка, журки и сл.) и иако
не сосема професионално, сепак успева
некако да издаде две компилации - први
изданија од оваа сцена. За поздрав е и секој
обид на самите автори, самостојно да ја
издадат својата музика (НДРЈ и Сако).
Случувања (свирки, концерти,
презентации..) - премалку. Скопје
е далеку назад од другите градови во однос
на случувањата (ноќниот живот во Скопје е
супер, да, ако е супер на секој чекор да има
кафулиња и да работат до 5 сабајле). Во
Скопје, освен редовните журки со локални и
странски DJ-и, ретко да се случува нешто
покреативно на тоа поле. А потребна е само
идеја и добра воља.
2000 алтердизајн
|